Македонската компанија Малиќи груп гради луксузен комплекс на Истра во Хрватска, San Lorenzo Village (Сан Лоренцо Вилиџ), одморалиште и недвижнини, кој е лоциран на северниот хрватски морски брег, информираат од таму.
Ова парче на луксуз создаден за хедонисти ќе има 21 луксузнa вилa и 16 супер луксузни станбени апартмани.
Инвестицијата на Малиќи Груп во Хрватска која чини повеќе од 30 милиони евра е една од поуспешните проекти во оваа индустрија, по тие на оваа групација во Косово и Македонија.
Луксузните домови кои се идеално лоцирани, на само 50-тина метри од брегот на Јадранско море овозможуваат непречен пристап до морето и сончеви зраци во текот на целата година.
Комплексот ќе има и најсовремен спа и велнес центар, фитнес центар.
-Ништо без убав поглед кон морето и базени во градините на резиденциите, опкружени со Јадран. Нашата посветеност веќе ја докажавме со инвестиции како што се Park Residence, Premium Residence, Парк Хотел и Спа и Cactus Construction во Скопје, потоа и преку партнеството со Marigona Hill во Приштина, вели инвеститорот Албан Малиќи од Малиќи груп.
Тој додава дека високите стандарди и квалитет на градба во San Lorenzo Village ќе овозможат претопување во средината, а од друга страна пак обезбедуваат приватност, луксуз и мир.
Апартманите се модерни, со отворени прозорци и поглед кон морето.
Секоја куќа и стан се внимателно дизајнирани со акцент на квалитетот и елеганцијата. Опкружен со море San Lorenzo Village , според најавите, ќе биде идеална локација за хедонисти. Голема предност е добрата инфраструктурна поврзаност со градовите и населените места, во близина има неколку аеродроми.
Во најблиското соседство е стариот град Умаг, познат по тартуфите и виното и по многуте можности за активни одмори, од нуркање и едрење до пешачки патеки.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата San Lorenzo Village.
San Lorenzo Village е дел од инвестициите на Малиќи груп во соработка со познати инвеститори специјализирани за изградба и уредување луксузни имоти. Во своето повеќе повеќегодишно работење на македонскиот и косовскиот пазар Малиќи груп изгради неколку стотици илјади квадратни метри станбен и деловен простор и изгради репутација на доверлив, безбеден и баран партнер во областа на градежното инженерство и инвестициите. Ова е прва инвестиција на групацијата Малиќи во Хрватска, но во план се и други инвестиции, велат од таму.