еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Манчевски ја доби наградата Eastern star на Trieste филмскиот фестивал во Италија

На јубилејниот 30. Mеѓународен филмски фестивал во Трст, Италија (18-25 јануари) на македонскиот филмски режисер Милчо Манчевски му беше доделена наградата за достигнувања во областа на кинематографијата.

Досегашни добитници на оваа награда се италијанската актерка Моника Белучи, француската актерка Ирен Жакоб и хрватскиот актер Раде Шербеџија.

Во чест на заслужниот македонски уметник беше прикажан неговиот најнаградуван филм „Пред дождот“ кој го освои „Златниот лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција, беше номиниран за Оскар и освои уште 30 меѓународни награди, а Њујорк тајмс го вброи во 1.000 најдобри филмови на сите времиња.

Манчевски ја прифати поканата да земе учество како почесен гостин на филмскиот фестивал на кој му беше само најавено дека ќе биде прикажан „Пред дождот“ токму на јубилејното издание на фестивалот.

Проекцијата на овој класик беше распродадена, а авторот поздравен со неколкуминутен аплауз.

Раководството на фестивалот му подготви пријатно изненадување на Манчевски поканувајќи го на сцената за време на свеченото затворање на фестивалот за да му ја врачат наградата без претходна најава.

По тој повод режисерот изјави:

„Ме поканија да го одбележиме нивниот 30-годишен јубилеј со „Пред дождот“. Мислев дека одам во Италија на разговор со публиката и на добра паста, ама организаторите ми спремиле изненадување со наградата.”

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ продолжува да ги поддржува украинските бегалци: Бесплатни места се уште се достапни на летови од соседите

Редакција

Македонските пронаоѓачи со повеќе награди на Саемот на иновации и нови технологии во Москва

Редакција

Во ТРИ започна Зимскиот фестивал на книгата: Месец на попусти и промоции

Редакција