еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Министрите Бектеши и Бесими доживеале сообраќајна несреќа кај Владата, нема потешко повредени

Министерот за финансии Фатмир Бесими соопшти дека доцна попладнево службеното возило во кое се превезувал заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, било учесник во сообраќајна незгода.

– Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата.

Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Учесниците се здобија само со полесни повреди.

На повредените им посакувам брзо оздравување, напиша Бесими на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук/Бесими

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азилантот Груевски доби 30-дневен притвор и за „Титаник“ на СЈО

Редакција

Министерство за правда: Дисциплинска комисија ќе го испитува случајот со новинарката Делевска

Редакција

Пендаровски: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ воспостави комуникација

Редакција