еМагазин
Image default
Локално

(Фото) На Ќафасан запленети 50 килограми марихуана

На 11-ти ноември оваа година, околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби  со 46 пакувања опојна дрога Марихуана, со вкупна тежина од 50 килограми.

„На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати а опојната дрога е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.Се преземаат мерки за целосно документирање и расветлување на настанот“, информираат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„И здравје и работа“, локална иницијатива на населението во Струмичката котлина

Редакција

(Фото) Пронајдено тело на 29-годишен маж во канал на хидросистемот „Брегалница“

Редакција

Во скопски Бутел со експлозив се обиделе да ограбат банкомат

Редакција