Вселена.Човек.Интелигенција. е интерактивна изложба за млади, која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува ширум светот.
Од 03.04. се прикажува во Скопје и до сега истата ја посетија над 1.200 ученици од основните и средните училишта од целата земја. Покрај организирани посети, изложбата ја посетија и поединци заинтересирани за темите вселена, историја на човештвото, мозок, антропоцен и вештачка нтелигенција.
Во рамки на изложбата беше спроведен и натпреварот „СТЕМ во мојот живот”. Победничкиот тим доби стипендии од Педагошката служба за размена (PAD) за 4-неделен престој во Германија.
На работилниците за Кариерна ориентација која се нуди во соработка со Асоцијацијата на кариерни советници од Македонија, учествуваа околу 245 наставници, а работилници за кариерно советување на ученици ќе се одржат на 25. и 27. април.
Во соработка со Германска академска служба за размена (DAAD) се нуди советување за студирање во Германија. Следното советување е планирано денес, 25. Април во 17 часот во Културно Информативен Центар во Скопје.
Изложбата ги претставува сегашните и идните истражувачки проекти од Германија и поставува значајни прашања кои се однесуваат на нас како жители на Земјата и на кои ние се обидуваме да одговориме: Од каде доаѓаме? Каде одиме? Што не прави да бидеме луѓе? а ќе може да се посети до 28.04.2023 во изложбениот простор на Културно-информативниот центар во Скопје. Влезот е бесплатен.
Целта на изложбата е на сите заинтересирани за Германија и германскиот јазик да им покаже дека истражувањето во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура.