еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Наместо ред, учество во хаосот: Полициски автомобил паркиран на велосипедска патека

Граѓанската иницијатива „На точак“ на нивниот фејсбук профил објави фотографија од полициски автомобил паркиран на велосипедска патека.

МВР наместо да создава ред за непречено и безбедно возење на велосипедистите, учествува во создавањето хаос, велат од таму.

„Во допис кој го пративме до вас (natochak.blogspot.com) побаравме поддршка од вас преку ослободување на велосипедските патеки, односно отстранување на паркирани возила и други пречки на велосипедските ленти.

Од кај вас добивме одговор на дописот (natochak.blogspot.com) во кој се изјаснивте дека МВР во наредниот период ќе ги превземе сите неопходни мерки согласно постојните законски прописи за решавање на наведените проблеми.

Сликата е направена утрово, четврток 6.9.2018 година во 8:49 часот на булевар Климент Охридски. Возило на МВР со регистрација 010 462 е паркирано, дел на велосипедската лента, дел на пешачката патека, а од сликата може да се види јасно сигнализација за забрането паркирање и знак за велосипедска патека.

Апелираме да се држите до вашата изјава во одговорот на нашиот допис и да навистина се преземат мерки за надминување на овој проблем, почнувајќи од возилата на МВР кои очигледно ги прекршуваат правилата. На булевар со три ленти за возила, се окупира единствениот простор кој го користат пешаците и велосипедистите и притоа се намалува безбедноста на истите кои се приморани да поминуваат на коловоз“, велат од „НаТочак“.

Фото: Фејсбук-профил НаТочак

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопруг и син од Тетово приведени поради семејно насилство

Редакција

Го претепале во бурекџилница во Крива Паланка

Редакција

МВР во акција: Санкционирани 160 прекршоци на мотоциклисти

Редакција