еМагазин
Image default
Локално

Сопруг и син од Тетово приведени поради семејно насилство

Тетовската полиција ноќеска приведе две лица кои биле пријавени за два случаи за семејно насилство. Во првиот 50-годишник физички ја нападнал сопругата, а во вториот 26- годишник му се заканил на татко си дека ќе го убие.

„Во 20 часот, на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово лишен од слобода е 50-годишниот тетовец Т.С., кој околу 18 часот и 30 минути  во семејниот дом физички ја нападнал 44-годишната сопруга. В

о 21 часот, на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, приведен е 26-годишниот тетовец Џ.И., кој околу 20 часот го малтретирал и му се заканил по животот на неговиот 56-годишен татко.Џ.И“, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

„Во текот на јануари во СВР Тетово се евидентирани шест кривични дела поврзани со семејно насилство од кои четири со нанесување телесна повреда две со загрозување сигурноста. СВР Тетово има поднесено кривични пријави за 5 сторители за тетовскиот регион“, информира Јосифоски.

Во јануари има поднесено вкупно 23 поплаки за семејно насилство во кои жртвите не побарале кривичен прогон за сторителите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓани бараат да се отвори рудникот Иловица-Штука

Редакција

Прилепчанка се заканувала дека ќе запали угостителски објект

Редакција

Две куќи целосно изгореле, трета оштетена во пожар во тетовско Седларево

Редакција