еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Не донирајте стари и оштетени работи за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Студентите и активистите кои доброволно собираат помош на градскиот плоштад во Скопје, која вклучува облека, обувки, ќебиња и други потребни работи за луѓето од регионите погодени од земјотресот во Турција и Сирија, апелираат да не се донираат стари и оштетени работи.

Тие најавија дека од денеска ќе примаат донации само нови продукти во пакувана форма.

– Се донираат вечерни фустани, облека и обувки што се за фрлање, папучи за на плажа и слични нешта коишто и нас како студенти не воведуваат во непријатна состојба. Ние мораме после да ги делиме работите што се за фрлање и тие што треба да ги испратиме за луѓето од регионите што беа погодени од земјотресот.

И тие се луѓе, колку и да се во тешка состојба не е човечки да донираме работи од коишто сакаме само да се ослободиме и да ги фрлиме, вели Егемен Ејуп Јуксел, еден од активистите.

Тој истакна дека засега имаат потреба на големи количина кутии и широк селотејп за пакување на целата донација којашто стигнува, како што вели, од страна на добронамерните луѓе, но и за ослободување од предметите што луѓето ги дале, како што рече, едноставно за да се ослободат од тие предмети.

Активистите информираат дека е собрана голема количина помош, но според нив, таа помош не би стигнала до луѓето коишто имаат потреба од истата без помошта на одредени компании.

– Се соочивме со ситуација каде што немавме како да ја испратиме таа помош до луѓето таму, но благодарение на компаниите „Лимак“ и „Берович“ и нивниот персонал коишто дојдоа со камиони и многу ни помогнаа за собирање и пакување на сите донации, и тие ги носат пакетите во регионите зафатени од земјотресот.

Денеска исто така се јави и еден бизнисмен кој сакаше да биде анонимен и рече дека ќе прати и цел контејнер за превоз на донациите, рече Егемен.

Тој исто така информираше дека до сега шест шлепери се тргнати кон регионите погодени од земјотресот, а вечерва се очекуваат да стигнат уште четири шлепери за да ги соберат и останатите делови од донациите.

МИА/Фото: МИА/еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров на политичката сцена се враќа со „Солуција“

Редакција

Топло-ладно од Захариева: Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за автономна Македонија и треба да не обединува

Редакција

(Фото) Новинарката Наташа Мерсовска доби ќерка

Редакција