еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Небото над Македонија стана дел од системот за воздушно патролирање на НАТО

Небото на Северна Македонија со официјалниот почеток на НАТО „air policing“ мисијата во нашата земја, и официјално стана дел од колективниот систем на Алијансата за воздушно патролирање, информираат од Министерство за одбрана.

Реализацијата на „air policing“ мисијата во нашата земја е јасен приказ за функционирање на колективната одбрана на сите земји членки на Алијансата, велат од Министерството.

„Мисијата за воздухопловно патролирање на нашето небо ја раководи Сојузничката воздухопловна команда на НАТО, тактичката контрола на мисијата е под раководство на Центарот за комбинирани воздухопловни операции во Торехон, Шпанија, а воздухопловните капацитети за реализација на оваа мисија се од грчкото воено воздухопловство.

НАТО мисијата за воздухопловно патролирање на небото на Северна Македонија („NATO Air Policing“) е всушност продолжување на „air policing“ мисијата, која Северна Македонија ја договори билатерално со Република Грција во септември 2019 година, но отсега под команда на Алијансата,“ се вели во соопштението.

Денеска во касарната во Петровец ќе се одржи церемонија со која ќе се одбележи почетокот на оваа НАТО мисија, за чија реализација на 15 ноември беше потпишан и Технички аранжман. Во рамки на настанот, вклучен е НАТО авион од типот Авакс Е-3А, задолжен за командување и контрола, ловци на грчкото воено воздухопловство од типот Ф-16 и владиниот авион Лирџет.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски пазар ја зголеми добивката за 347%

Редакција

Маж од Гана силувал жена од Скопје

Редакција

Аутомакедонија ја зголеми нето добивката за 46% во третиот квартал

Редакција