еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(ФОТО) Пена тече од фонтаните во центарот на Струмица

Фонтаните долж булеварот „Маршал Тито“ во Струмица утрово осамнаа наполнети со пена.

Засега не се познати сторителите, а од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека во фонтаните е истурена поголема количина на средство кое создава пена.

-Некои неодговорни граѓани најверојатно истуриле прашок за перење или некое друго средство во фонтаните долж булеварот „Маршал Тито“. Уште рано наутро наши екипи го забележаа овој вандализам и во текот на денот фонтаните ќе бидат измиени и исчистени, рече Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец“.

Од струмичкото комунално претпријатие додаваат дека за овој вандализам е запозната и полицијата.

МИА/Фото: ТВ Вис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Новоодобрените кредити во јануари со просечна каматна стапка од 5,07%

Редакција

Во Струмица на секоја минута се изрекувала по една сообраќајна казна

Редакција

Маж од Штавица приведен поради предизвикување пожар

Редакција