еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Петре Шилегов го прослави 50-от роденден, тортите што ги добил ги подарил

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го прослави 50-от роденден, но тортите што ги добил на подарок, ги подари.

„Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Моите желби се исти како и вашите, да бидеме среќни, да се радуваме на животот и заедно да ги славиме убавите моменти.

Но, една од најголемите желби за радост ми се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Затоа, овие роденденски торти коишто денес ги добив, ги праќам за децата од “СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневенот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија и искрено посакувам и се надевам дека нивните желби, ќе бидат наша реалност. Да им посакаме да бидат здрави, среќни и радосни“, напиша Шилегов на неговиот фејсбук-профил.

Тој повика да се помогне и да се донираат средства за Здружението „Трисомија 21“ за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром на сметка – 380177189101121 и на здружението за заштита на правата на детето со сметка – 300000001103896

фото: Фејсбук/Шилегов/Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна зимското сметање на времето

Редакција

Годинава регистрирани 42 лица со ХИВ/СИДА, 4 лица починале, најмногу нови случаи има во Скопје и Битола

Редакција

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Редакција