еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Фото) По реакциите во јавноста: Сонцето останува, Македонија на Европското првенство ќе игра со старите дресови

Македонските фудбалери на престојното Европско првенство ќе настапат со старите дересови на нашата фудбалска репрезентација, со стандардната црвена боја и сонце.

Новите дресови кои деновиве беа презентирани од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а кои освен различната боја имаа и рис, наместо сонце, предизвикаа бројни реакции, по што следи оваа одлука на ФФМ.

Одлуката за носење на старите дресови, на Фејсбук ја соопшти Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.

„Драги навивачи на македонската репрезентација,

Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство.

Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на новиот дрес. Свесни сме дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер уште од најрана возраст.

Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост на барање на фудбалерите. Тимот бараше нови репрезентативни дресови. Ние сакавме да го исполниме тоа барање.

За жал, техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ. Федерацијата и службите во ФФМ целосно ја преземаат одговорноста за овој избор, но исто така ќе побараат одговорност и од техничкиот партнер.

Како претседател на федерацијата ја преземам мојата одговорност за евентуални последици и најавувам дека на Европското првенство ќе играме со досегашните дресови.

Тоа што не влијаев и имав доверба во работата на службите во ФФМ во креирањето на новиот дрес, не значи дека треба да молчиме кога пошироката јавност го искажува своето мислење. Инсистирам настапот на Европското првенство да биде запаметен по прекрасниот успех што го направивме и да не биде засенет со работи кои се полесни за решавање.

Поради реакциите од бојата на дресот, ние како Фудбалска федерација на Македонија пративме допис до УЕФА со кој бараме натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надевам дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото.

Со актуелниот репрезентативен дрес игравме на Европското првенство 2017, со тој дрес остваривме историски пласман на ЕУРО 2020 и со тој дрес ќе се претставиме на првенството кое со нетрпение го очекуваме.

Ве повикувам со добра мисла да ги испратиме нашите херои на Европското првенство. Навивачкиот дух да им биде ветер во грб“, напиша тој.

Фото: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БРАВО! (Фото) Урбан Бургер Бар нуди бесплатна храна за деца без родители, социјални случаеви…

Редакција

МЕПСО склучи договор со Actael N Ltd од Бугарија вреден 4,7 милиони евра

Редакција

Пациенти на Онкологија дадоа исказ во Обвинителство, ги повикаа и другите за успешност на истрагата

Редакција