еМагазин
Image default
Техно

(Фото) Samsung претстави пет нови, моќни Galaxy уреди

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го организираше првиот виртуелен Galaxy Unpacked настан во својата историја, пренесуван во живо од Јужна Кореја.

Во таа прилика претставени се дури пет нови уреди: Galaxy Note20 и Note20 Ultra – најмоќните Note телефони досега, Tab S7S7+ – повеќенаменски таблети за поголема продуктивност и креативност, Galaxy Watch3 – премиум паметен часовник со напредни здравствени опции, потоа Galaxy Buds Live – модерни ергономски слушалки со врвен квалитет на звукот и Galaxy Z Fold2 – нова, унапредена генерација на паметни телефони на преклоп.

„Човекот денес повеќе од било кога се потпира на технологијата – таа нам ни овозможува да сме поврзани и да ги надминеме секојдневните предизвици со кои се соочуваме“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделението за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics.

„Технологијата треба да го олесни животот на нашите корисници и тоа е причината поради која ги претставивме овие пет иновативни уреди. Поединечно, тие се моќни алатки за поефикасна работа и подобра забава за корисниците. Заедно, како дел од Galaxy екосистемот, функционираат беспрекорно, овозможувајќи им на корисниците да се фокусираат на она што им е најважно.“

Galaxy Note20 серија – најмоќниот Note уред досега

Најмоќната Note серија досега се одликува со неверојатна продуктивност – ги има сите особини на компјутер и им овозможува на корисниците да уживаат во играњето игри како вистински професионалци.

Во серијата се два уреди: Galaxy Note20 Ultra, дизајниран за љубителите на оваа серија, кои го бараат максимумот од перформанси и продуктивност, како и Galaxy Note20, за пошироката група на Note корисници, кои сакаат да уживаат во врвните функции за работа и забава.

Нови можности за работа

Galaxy Note20 серијата потполно го менува начинот на работа, овозможувајќи им на корисниците да направат повеќе, било кога и било каде. Заштитниот знак на оваа серија е новото S Pen пенкало, како и Samsung Notes апликацијата, кои се достапни и кај таблетите Tab S7|S7+. Додатно, соработката со долгогодишниот партнер, компанијата Microsoft, прави Note20 и Windows компјутерите да бидат ускладени и заедно да функционираат беспрекорно.

Унапредено S Pen пенкало: Омилено кај сите Note фанови и љубители на мултитаскингот, S Pen пенкалото на Galaxy Note20 серијата нуди врвно искуство во пишување при секој налет на инспирација. Новото пенкало е попрецизно од било кога, а новата Anywhere опција го прави неговото користење во било која апликација полесно и поефикасно.

Samsung Notes за поголема флексибилност: На корисниците им се потребни алатки кои им овозможуваат да работат на било кој уред, било кога и било каде. Благодарејќи на Samsung Notes опциите, кои автоматски ги конвертираат неуредните белешки во разбирливо испишан текст, сега е можно со леснотија да запишувате, поправате и споделувате идеи преку телефон, таблет или компјутер.

Samsung Notes исто така може да конвертира документи во PDF или Microsoft PowerPoint формати, а нуди и нова опција за поправање и обележување внатре во текстот во овие формати. На крајот, сите белешки ќе бидат максимално организирани, благодарение на интуитивниот и едноставен систем за управување со датотеки.

Smart-working на повеќе различни уреди: Со подобренaтa Link to Windows опција, корисниците сега можат да пристапат на своите мобилни апликации директно преку компјутерот кој користи Windows 10 оперативен систем. Подоцна во текот на оваа година, ќе биде можно и стартување на повеќе апликации на компјутер истовремено.

Корисниците сега можат да креираат кратенки кон апликациите и содржината на своите телефони на Windows 10 компјутери. Исто така, сите уреди ќе бидат меѓусебно ускладени, благодарејќи на синхронизацијата на Samsung Notes со Microsoft OneNote и Outlook , како и Reminders апликациите од Microsoft Outlook, To Do и Teams.

Забава без граница

Партнерството со компанија Microsoft доаѓа до израз и во забавниот аспект на Galaxy Note20 серијата. Корисниците можат во потполност да се препуштат на најмоќното гејминг искуство кое Samsung го има овозможено досега на мобилен телефон, играјќи игри како професионалец. Note20 серијата носи нови, врвни перформанси и поврзаност, на најдобриот дисплеј досега. Покрај тоа, тука се и професионалните алатки за правење фасцинантни фотографии и видео записи.

– Омилените Xbox игри: Почнувајќи од 15. септември, на корисниците ќе им биде овозможено играње на омилените игри со компјутер и конзола со Xbox Game Pass Ultimate, кој што нуди пристап до базата од преку 100 популарни игри вклучувајќи ги Minecraft Dungeons, Forza Horizon 4, како и Gears of War 5: Ultimate Edition. Благодарение на големиот дисплеј и како никогаш досега брзиот процесор, акцијата тече глатко, а гејминг искуството дополнително е подобрено со опциите на база на вештачка интелигенција и Bluetooth оптимизација.

– Снимање филмови на дланка: Во сооднос од 21:9 и снимање од 24fps, камерата на Galaxy Note20 серијата со 8K резолуција, овозможува правење на видео снимки со филмски квалитет. Благодарејќи на моќниот Pro Video режим со професионален фокус, звук, експозиција, осветлување и можности за зумирање со правење на снимки од 120fps во FHD резолуција, корисниците пред себе имаат навистина автентично видео искуство. Освен тоа, сега можат да го контролираат и подесуваат и микрофонот, насочувајќи го како и каде сакаат, а во комбинација со Galaxy Buds Live слушалките, можно е да снимите кристално чисто звук, без позадински шумови.

– Мултитаскинг со унапреден Samsung DeX: Samsung DeX сега за првпат нуди безжично поврзување на  Note20 уредите со паметен телевизор, тогаш кога на корисниците им е потребен поголем екран за допишување со пријателите додека играат игри или споделуваат најнови видео содржини во реално време.

Моќ и врвни перформанси како дел од Galaxy традицијата

Galaxy Note отсекогаш важел за моќен телефон со исклучителни перформанси, а Note20 серијата ја продолжува таа традиција, нудејќи им го на корисниците сѐ она што го очекуваа од Galaxy уредите. Note20 линијата го поседува најбрзиот процесор во историјата на Galaxy екосистемот и ги спојува врвната технологија со најдоброто мобилно искуство во класата, без жртвување на врвниот дизајн на кој се навикнати корисниците. Note20 и Note20 Ultra доаѓаат во нежни, неутрални тонови, кои ги надминуваат актуелните трендови, со завршен мат слој кој што ги неутрализира отисоците на прстите и трагите.

За прв пат во Note серијата, Galaxy Note20 Ultra се одликува со Dynamic AMOLED 2X дисплеј и стапка на освежување од 120Hz, кој автоматски се прилагодува на содржината која што ја прикажува, за батеријата да трае што подолго. Со паметната, долготрајна батерија и можностите за супер-брзо полнење за повеќе од 50% капацитет за само 30 минути, корисниците повеќе не мораат да се грижат за тоа дали ќе им се исклучи телефонот.

Исто така, Samsung и понатака останува лидер на полето на 5G технологијата со хипер брза 5G конекција. Galaxy Note20 уредите автоматски пребаруваат и препорачуваат мрежи со најголем проток, како и стабилни Wi-Fi 6 конекции, за различни стриминг услуги. Кога е во прашање сигурноста, корисниците можат да бидат уверени дека уредот им е безбеден благодарение на Samsung Knox системот.

Уште еден новитет е и Nearby Share функцијата која овозможува брзо и лесно споделување содржини помеѓу телефонот кој користи Ultra-wideband технологија (UWB). Со едноставно спарување на Note20 Ultra со друг Galaxy уред со UWB опција, Nearby Share автоматски ќе ги излиста контактите со кои корисникот може да споделува содржини.

 Нови искуства со поврзан Galaxy екосистем

Уредите и услугите на Samsung се дизајнирани да функционираат заедно без потешкотии. Note20 ќе добие ново лице кога ќе се спари со другите новитети од Samsung Galaxy семејството: Galaxy Tab S7, Tab S7+, Galaxy Watch3 и Galaxy Buds Live. Благодарејќи на овие врвни уреди, корисниците можат да работат попаметно, да играат подолго, да живеат поздраво и да комуницираат подобро.

Galaxy Tab S7Tab S7+, мултифункционални таблети за подобра продуктивност и креативност

Овие два нови мултифункционални уреди комбинираат во себе можности на компјутер, флексибилност на таблет и поврзаност на паметен телефон. Двата таблети се одликуваат со најновиот процесор и можност за 5G мрежа, како и голем дисплеј од 11, односно 12,4 инчи, со стапка на освежување на екранот од 120Hz. Galaxy Tab S7|S7+ доаѓаат со тастатура, унапредено S Pen пенкало и Samsung Notes функции како на Note20 серијата, за искуство налик на компјутерското.

Меѓусебното споделување на податоци на Tab S7|S7+ таблетите со други уреди сега е уште полесно: корисникот може лесно да ја пронајде достапната Wi-Fi конекција со помош на Auto Hotspot опцијата, која ќе ги детектира и останатите Galaxy уреди. А со Nearby Share, содржината со неверојатна леснина се споделува со најблиските контакти.

Екранот на таблет-уредот може да се прошири и со Samsung компјутер по пат на Second Screen можноста, која го дуплира или го проширува екранот. Алатките како Samsung Notes, S Pen пенкалото, Book Cover тастатурата и Bluetooth глушецот го заокружуваат корисничкото искуство, кое е попродуктивно како никогаш досега.

 Galaxy Watch3 – премиум паметен часовник со унапредени здравствени функции

Galaxy Watch3 е паметен часовник на новата генерација за одржување на рутината, кондицијата и здравјето. Изработен од најквалитетни материјали и тенка верзија на ротирачката рамка, Galaxy Watch3 комбинира луксуз и удобност за носење во текот на целиот ден и ноќ. Сепак, овој паметен часовник не е привлечен само визуелно, туку презема и главна улога во создавањто на лично фитнес искуство и подобрување на кондицијата.

Корисникот со помош на Blood oxygen (SpO2) можноста може да ја провери заситеноста на кислородот во текот на тренингот. Во случај на физички пад, Galaxy Watch3 ќе го детектира и ќе прати SOS нотификација до одбраните контакти за да може веднаш да се укаже помош.

Со алатката за анализа на трчањето корисникот добива моментални информации во текот на трчањето, како и пропратни извештаи кои ќе помогнат во подобрување на кондицијата и намалувањето на потенцијалните повреди, додека потрошувачката на кислородот се мери со VO2 анализата на податоци.

Корисникот во својот дом може да креира и свое сопствено фитнес студио со помош на Samsung Health апликацијата, која содржи збирка со повеќе од 120 различни видео вежби.

Galaxy Buds Live – модерни ергономски слушалки со извонреден квалитет на звукот

Samsung го претстави и својот најнов модел на безжични слушалки – Galaxy Buds Live. Благодарејќи на големите AKG звучници и бас канали од 12mm, звукот е сега богат и повеќеслоен. Galaxy Buds Live доаѓаат со дури три микрофони и Voice Pickup единица. Овие слушалки поседуваат и Active Noise Cancellation опција за отстранување на околната врева.

Направете го невозможното возможно со Galaxy Z Fold2

По претставувањето на два различни преклопни уреди и собирањето на впечатоците од корисниците, Samsung го дизајнираше Galaxy Z Fold2. Овој иновативен телефон доаѓа со два  Infinity-O екрани, скоро без рабови, со димензии 6,2 и 7,6 инчи, што го прави значително поголем од претходниот Galaxy Fold модел.

Комбинирајќи прецизна технологија и несекојдневен дизајн, Galaxy Z Fold2 е достапен во црна и бронзена боја, а многу од опциите на уредот поттикнуваат партнерство со компаниите Google и Microsoft.

За сите корисници кои бараат единствен премиум дизајн, Samsung повторно ги здружи силите со модната куќа од Њујорк, Thom Browne, создавајќи ја лимитираната серија Galaxy Z Fold2 Thom Browne.

Достапност

Galaxy Note20 серијата ќе биде достапна на домашниот пазар од 21. август, 2020. година.

– Galaxy Note20: Мистично бронзена, Мистично зелена, Мистично сива

– Galaxy Note20 Ultra: Мистично бронзена, Мистично црна, Мистично бела

Доколку ги нарачате Samsung Galaxy Note20 или Note20 Ultra однапред, во текот на траењето на промотивниот период од 5. до 20. август 2020. година, како подарок добивате нови безжични слушалки Galaxy Buds+ или Galaxy Buds Live, во зависност од избраниот модел. Повеќе информации ќе пронајдете на: samsung.com/mk.

За повеќе информации за најновите уреди и спецификации посетете ja: news.samsung.com/galaxy, samsungmobilepress.com или www.samsung.com/galaxy.

Galaxy Note20 Ultra Galaxy Note20
Екран 6.9″ edge Quad HD+ Dynamic AMOLED 2X

Infinity-O Екран (3088×1440),496ppi, HDR10+ сертификат

120Hz стапка на освежување на екранот

6.7” flat FHD+ Super AMOLED Plus

Infinity-O Екран (2400×1080), 393ppi, HDR10+ сертификат

*Infinity-O екран: скоро без рабови, рамен екран.

*Мерен дијагонално, екранот на Galaxy Note20 е со вкупна големина од 6.7″, односно 6.6″ ако се сметаат заоблените рабови. Екранот на Galaxy Note20 Ultra е со вкупна големина од 6.9″, односно 6.8″  доколку се сметаат заоблените рабови. Површината за прикажување на содржини е помала поради заоблените рабови и дупката за камера.

*Освежувањето на екранот од 120Hz е достапно само на Galaxy Note20 Ultra.

Димензии и тежина 164.8 x 77.2 x 8.1mm, 208g 161.6 x 75.2 x 8.3mm, 192g(LTE/Sub6), 194g(mmWave)
[S Pen] 5.8 × 4.35 × 105.08mm, 3.04g
S Pen Bluetooth овозможен, Lithium Titanate батерија со траење до 24 часа кога е на standby режим.

Ниво на притисок: 4096, Пресек на врвот на пенкалото: 0.7 mm, IP68

*Оперативната оддалеченост на S Pen пенкалото се протега отприлика 10 метри на отворен простор. Опсегот на контролата може да варира во зависност од опкружувањето и други фактори.

 *IP68 оценката се заснова на условите на испитувањето за потопување до 1,5 метри длабочина во слатка вода со времетраење до 30мин. Остатокот да се испере/исуши доколку е мокро.

Камера Предна 10MP Selfie Camera

. Dual Pixel AF

. Pixel size: 1.22μm

. FOV: 80˚

. F.No (aperture): F2.2

10MP Selfie Camera

. Dual Pixel AF

. Pixel size: 1.22μm

. FOV: 80˚

. F.No (aperture): F2.2

Задна *12MP Ultra широка камера

. Pixel size: 1.4μm

. FOV: 120˚

. F.No (aperture): F2.2

 

*108MP Широкоаголна камера

. PDAF, OIS

. Pixel size: 0.8μm

. FOV: 79˚

. F.No (aperture): F1.8

. 1/1.33″ image sensor size

 

*12MP Телефото камера

. Pixel size: 1.0μm

. FOV: 20˚

. F.No (aperture): F3.0

 

Laser AF Sensor

 

Space Zoom

. 5x оптички zoom

. До 50x Super Resolution Zoom

OIS (Optical Image Stabilization)

Tracking AF

*12MP Ultra широка камера

. Pixel size: 1.4μm

. FOV: 120˚

. F.No (aperture): F2.2

 

*12MP Широкоаголна камера

. Super Speed Dual Pixel AF, OIS

. Pixel size: 1.8μm

. FOV: 79˚

. F.No (aperture): F1.8

. 1/1.76″ image sensor size

 

*64MP Телефото камера

. Pixel size: 0.8μm

. FOV: 76˚

. F.No (aperture): F2.0

 

Space Zoom

. 3x хибриден оптички zoom

. До 30x Super Resolution Zoom

OIS (Optical Image Stabilization)

Tracking AF

*Хибридниот оптички zoom на Galaxy Note20 комбинира сензор и леќа со висока резолуција.

*Super Resolution Zoom подразбира дигитален zoom, што може да доведе до полоши слики.

AP 7㎚ 64-bit Octa-Core procesor * 2.7㎓ (максимална брзина) + 2.5㎓ + 2㎓
Меморија [5G]

12GB RAM (LPDDR5) со 512GB внатрешна меморија

12GB RAM (LPDDR5) со 256GB внатрешна меморија

 

[LTE]

8GB RAM (LPDDR5) со 512GB внатрешна меморија

8GB RAM (LPDDR5) со 256GB внатрешна меморија

[5G]

8GB RAM (LPDDR5) со 256GB внатрешна меморија

 

[LTE]

8GB RAM (LPDDR5) со 256GB внатрешна меморија

*Може да варира во зависност од моделот, бојата, пазарот и операторот.

*Просторот за складирање може да варира во зависност од пре-инсталираниот софтвер.

Меморија која може да се прошири и SIM картичка Single SIM модел: една Nano SIM и еден MicroSD slot (до 1TB)

Dual SIM модел: (Hibrid SIM slot): една Nano SIM и уште еден Nano SIM или еден MicroSD slot (до 1TB)

*Hybrid SIM е достапен само кај Galaxy Note20 Ultra. SIM картичката се продава одвоено. Достапноста на Dual SIM моделот може да варира во зависност од земјата и операторот.

*Дополнителната меморија е достапна само кај Galaxy Note20 Ultra. MicroSD картичката се продава посебно. Достапноста може да варира во зависност од земјата и произведувачот.

*Достапноста на eSIM може да варира во зависност од земјата и мобилниот оператор. Проверете кај вашиот оператор дали вашиот пакет на мобилни услуги поддржува eSIM.

Батерија 4,500mAh (типично) 4,300mAh (типично)
*Типичните вредности се тестираат во лабораториски услови на трети лица и ја претставуваат проценетата просечна вредност, земајќи ги во предвид отстапувањата на капацитетот кај примероците од батеријата тестирани според стандардот IEC 61960. Проценетиот (минимален) капацитет на батеријата е 4170mAh за Galaxy Note20 и 4370mAh за Galaxy Note20 Ultra. Реалната издржливост на батеријата може да варира во зависност од јачината на мрежата, начинот на употреба и други фактори.
Полнење Подобрена брзина на безжичното полнење со Fast Wireless Charging 2.0

USB PD 3.0 (PPS) сертифицирано брзо полнење по пат на кабел (компатибилно со AFC и QC2.0)

*WPC сертифицирано безжично полнење

*Wireless PowerShare

*Fast Wireless Charging 2.0 е моментално достапно со Wireless Charger Stand, Wireless Charger Duo Pad и други уреди кои поддржуваат безжично полнење од 10 или повеќе W. Се продава одделно. Брзината на полнење може да варира во зависност од начинот на употреба на уредот, условите за полнење и други фактори. Безжичниот полнач бара пристап до електрична енергија. Препорачливо е да користите фабрички кабел, бидејќи адаптерите од други производители можат да ги оштетат Wireless Charger Stand и Wireless Charger Duo Pad уредите или да ја забават нивната брзина на полнење.

*Wireless PowerShare функцијата е ограничена на  Samsung паметни телефони или уреди на други брендови кои имаат Qi опција за безжично полнење, како што се Galaxy Z Fold2, Galaxy Note20, Galaxy Note20 Ultra, Galaxy S20, S20+, S20 Ultra, Z Flip, Note10, Note10+, S10e, S10, S10+, Fold, S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE, Note5 и носечки уреди како што се Galaxy Buds Live, Galaxy Watch3, Galaxy Watch Active2, Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Доколку капацитетот на батеријата е под 30%, можно е PowerShare да не функционира. Може да се случи да не фунцкионира при користење одредени додатоци и заштитни маски кај уреди од други брендови или Samsung носечки уреди. Може да влијае на приемот на повикот или услугата за податоци во зависност од јачината на мрежата.

OS Android 10
Мрежа [5G] 5G Non-Standalone (NSA), Standalone (SA), Sub6 / mmWave

[LTE] Унапреден 4×4 MIMO, дo 7CA, LTE Cat.20, до 2.0Gbps Download / до 200Mbps Upload

[Wi-Fi] Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac/ax 2.4G+5GHz, HE80, MIMO, 1024-QAM, до 1.2Gbps Download / дo 1.2Gbps Upload

[Bluetooth] Bluetooth® v 5.0, USB type-C, NFC, локација (GPS, Galileo, Glonass, BeiDou)

[Ultra Wide Band]

*Брзината може да варира во зависност од земјата, операторот и корисничкото опкружување.

*Бара оптимална 5G врска. Брзината може да варира во зависност од земјата, операторот и корисничкото опкружување.

*Покриеноста на Galileo и BeiDou може да варира. BeiDou може да не е достапен во одредени земји.

*Ultra Wide Band e достапен само на Galaxy Note20 Ultra.

Плаќање NFC, MST
*Достапно на одбрани пазари. Може да варира во зависност од пазарот, операторите и други произведувачи.
Сензори Ултрасоничен сензор за отпечатоци, Акцелерометар, Барометар, Жироскоп, Геомагнетски сензор, Hall сензор, сензор за близина, сензор за амбиентална светлина
Автентификација Опции за заклучување: шаблон, PIN, лозинка

Биометриско заклучување: Сензор за отпечаток на прст, Препознавање на лик

Звук AKG стерео звучници и слушалки

Опкружувачки звук со Dolby Atmos технологија (вклучувајќи ги и Dolby Digital, Dolby Digital Plus)

*Слушалки: Хибриден канал, двонасочна динамична единица

 

[Ultra висок квалитет на звук]

UHQ 32-bit &DSD64/128 поддршка

PCM: дo 32 bits, DSD: DSD64/128

 

Audio playback формати

MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, APE, DSF, DFF

 

[Bluetooth]

Двостран звук: можност за поврзување на два Bluetooth уреди со Galaxy Note20 или Note20 Ultra, за слушање на звукот на два уреди истовремено.

*Поврзаните уреди можат да покажат незначителна разлика во јачината на звукот.

 

[Снимање]

Квалитетот на снимката е подобрен благодарение на High AOP микрофонот што го минимизира амбиенталниот шум.

*AOP: Acoustic Overload Point

Видео [Video playback формати]

MP4, M4V, 3GP, 3G2, WMV, ASF, AVI, FLV, MKV, WEBM

 

[TV поврзаност]

Безжично: Smart View (пресликување на екранот 1080p на 30 fps)

Кабловски: поддржува DisplayPort преку USB type-C или преку HDMI адаптер (DisplayPort 4K UHD нa 60 fps)

Водоотпорност IP68
*Стандардот IP68 се заснова на тест услови за потопување до 1,5 метри во слатка вода со времетраење до 30 минути. Измијте го / исушете го остатокот доколку  е мокар. Штетата предизвикана од вода не е покриена со гаранцијата.
Во кутијата Уред, кабел за податоци, адаптер за патување, игла за SIM картичка, AKG слушалки, Упатство за употреба, транспарентна маска и заштитна фолија.
*Некои од набројаните додатоци, вклучувајќи ја и маската и заштитната фолија, можеби не се достапни и зависат од моделот или пазарот.

*При користење на заштита за екранот, се препорачува Samsung производ за подобро препознавање на отпечатоците од прстите.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет години гаранција на апаратите за домаќинство на Samsung

Редакција

Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

Редакција

Подготви се за иднината со А1 Македонија: А1 Nova – прво 5G тарифно портфолио

Редакција