еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Што нуди „DoubleTree by Hilton“ кој почнува со работа утре

Хотелот „DoubleTree by Hilton Skopje”, најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот бренд, од утре 1 јануари, официјално почнува со работа и ќе ги пречека првите гости.

Лоциран покрај кејот на реката Вардар близу мостот „Близнак“ во општина Аеродром, објектот се простира на пет ката со едно подниво и зафаќа површина од 25.000 метри квадратни.

За врвна услуга и топло гостопримство „Хилтон“ става на располагање 170 соби, 15 апартмани од кои еден претседателски од 260 метри квадратни, Euphoria Welness & SPA модернен спа и фитнес центар од 1400 м2, традиционална турска бања, сауна, џакузи и затворен базен, како и најмодерната Life Fitness опрема за вежбање, 6 конференциски сали, и една сала за свечености Diamond Ballroom, три ресторани.

Хотелот располага со сопствен затворен паркинг простор за 150 возила, како и отворен паркинг за 200 возила.

Хотелот нуди исклучителен панорамски поглед на градот, а за беспрекорен престој на гостите, ќе се грижат близу 200 вработени.

На објектот интензивно се работеше две години и освен што е импонзантен однадвор, енергетски и еколошки е ефикасен и има врвно хортикултурно уредување. Целосната инвестицијата е вредна 50 милиони евра.

Еден од лидерите во хотелиерската индустрија, „Хилтон“ досега беше присутен во 109 држави со вкупно 5.500 хотели, и во својата сто годишна историја има пречекано повеќе од 3 милијарди гости. Новата 2019 ја почнува додавајќи ја и Македонија на својата мапа, со најубавиот „DoubleTree by Hilton“ хотел во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Хилтон и официјално влегува во Македонија: Наскоро се отвара хотелот Double Tree by Hilton

„Хилтон“ во Скопје се отвара на 1 јануари, првиот гостин ќе биде Грк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претставен планот за вакцинација против Ковид-19: Дневно до 2.500 лица, приоритет ќе имаат здравствените работници

Редакција

Коронавирусот регистриран во 24 градови во Македонија, детален преглед

Редакција

(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната

Редакција