Старата скопска чаршија и Скопје го добија својот Прв Џин бар.
Сместен на третиот кат над Калдрма, овој бар нуди фантастичен поглед на централното градско подрачје, на голем дел од чаршијата и секако, на прекрасното Кале.
Во овој џин бар се служат сите видови џин во разни комбинации што овозможуваат освежување во овие летни горештини.
Освен џин варијантите на пијалак, Џин бар нуди и забава со различна музика за посетителите.
Одличните звуци на гитарата и прекрасниот нежен глас, топлите звуци на музиката и услужливоста на персоналот, се специфичности кои го племенат просторот на барот.
Ова е простор што нуди различно доживување и надополнување на разновидната понуда на Старата скопска чаршија.
Старата скопска чаршија нуди освежување и одлична забава за сите што остануваат во градот летово и се љубители на одлична музичка забава.
Насловна фото: Фејсбук/gordonsginglobal