Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска упати искрени желби за побрзо оздравување на децата кои се лекуваат на Детската клиника.
„Би сакала и годинава да можевме со дечињата кои се лекуваат на Детската клиника заеднички да споделиме убави желби. Но, разделени сме токму за да го заштитиме нивното и онака кревко здравје.
Со желби за брзо закрепнување, на најмалите и најмили им испратив подароци кои накратко ќе го разубават нивното болничко секојдневие.
Истовремено, им благодарам на сите здравствени работници на Клиниката за професионалноста и за посветеноста во грижата за пациентите. Деновиве скромни подароци добија и дечињата хоспитализирани во болницата во Козле, децата од СОС Детско село, од здруженијата Проект Среќа, Трисомија 21, ПРКОС и Доза Среќа.
На сите деца им посакувам добро здравје, многу насмевки на нивните лица и безгрижно детство,“ напиша таа на нејзиниот фејсбук-профил.
Фото: Фејсбук/Ѓоргиевска