еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Спречен шверц на 20 часовници од познати модни брендови, во вредност од околу 3.000 евра

Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови се запленети од страна на царинските службеници по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин Ново Село, информираат од Царинска управа.

„Часовниците се откриени во картонска кутија за која лицето кое управувало со автомобилот изјавило дека е пратка со лекови која ја испратил негов пријател за болно дете.

По откривање на непријавените часовници лицето, инаку македонски државјанин, изјавило дека истите се купени од Швајцарија. Одземените часовници ќе бидат предадени во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето е поднесена соодветна пријава за прекршување на царинската регулатива.

Царинската управа и натаму во рамки на своите надлежности спроведува активности за поддршка на легалната економија и сузбивање на сивата економија,“ се вели во соопштението.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинирани околу 75% наставници, околу 2% ученици следат онлајн-настава

Редакција

Спасовски демантира дека луѓе се наоѓаат без органи и гарантира за безбедноста на граѓаните

Редакција

Заев и Ципрас во Атина ја оценуваа успешноста на Договорот од Преспа

Редакција