еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Стартува „Одлучен удар 21”: Војници од Македонија, САД, Бугарија и Грција на заедничка вежба на Криволак

На армискиот полигон „Криволак“, во кампот „Стрела“ со воена церемонија за свечено отворање на мултинационалната вежба „Одлучен удар 21”, официјално се означи почетокот на активностите на оваа вежба на која воени состави од Армиите на Македонија, Соединетите Американски Држави, Бугарија и Грција ќе демонстрираат подготвеност за изведување на заеднички операции.

Целта на вежбата е споделување на стекнати знаења и размена на искуства помеѓу вооружените сили на земјите учеснички, преку заедничко извршување на поставените задачи во текот на вежбата, подобрување на нивото на интероперабилност на декларираните состави, извежбување со сојузнички армии, градење на меѓусебна оперативна синхронизираност помеѓу армиите во НАТО низ широк спектар на симултани операции, како и промоција на можностите кои ги нуди полигонот „Криволак“ за изведување вежбовни активности од поголеми размери.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Скандалозен предизборен спот на бугарскиот европратеник Џамбаски: „Македонија е бугарска, а Скопје и Охрид бугарски градови“

Редакција

Како зборот консензуален стана нова придавка во изборите за претсeдател?

Редакција

Алтернатива остана без министри

Редакција