еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Тимот на Министерството за финансии пак победи на Business Run

Тимот на Министерството за финансии, предводен од министерот Драган Тевдовски повторно, како и минатата година, победи на Business Run, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор.

Втор беше тимот на НЛБ Банка, а третото место го освои тимот на Телеком.

Во трката Business Run 2018 учествуваа компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и останати субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Македонија.

Патеката која ја истрчаа учесниците беше долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена истрча по 2.000 метри.

Организатор на Business Run 2018 e здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

Фото: Министерство за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетниците дневно приклучени на интернет и повеќе од пет часа, покажува анкетата на АЕК

Редакција

МРП вакцина досега примиле 37.189 деца на возраст до 14 години

Редакција

Во наредните денови многу топло и нестабилно време

Редакција