Македонскиот државјанин, Орхан Бајрами Оки (39), неформалниот водач на кланот „Дуќанџик“, кој вчера беше убиен во Ханиоти на Халкидики во Грција, престојувал во Сани Вилас, објавија грчките медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти
(Фото) Убиството на Орхан Бајрами Оки било најавено на Тик-Ток
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат идентитетот на бизнисменот од Скопје кој е убиен во Ханиоти и на неговиот ранет пријател
Телевизијата Телма објави дека за петдневно сместување во апартман во овој ресорт за двајца возрасни треба да се плати 3.050 евра односно 600 евра на ден, повикувајќи се на веб сајтовите за букирање апартмани.
Државната агенција МИА пак објави дека според извори од грчката полиција, во изнајмениотг апартман во Сани Вилас се наоѓале пет лица на возраст од 19 до 45 години, сите од Македонија, меѓу кои и Сеад Слезовиќ (45), кој е ранет во десниот дел на градниот кош.
На местото на убиството во надворешниот дел од изнајмениот апартман, според истите информации на МИА, полицијата пронашла 19 чаури, еден куршум и шаржер.
Фото: Sunny Villas/Фејсбук