еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Верувале или не: Во Тетово затворена автоперална пред училиште, поради која учениците 20 години наместо на тротоар одеа по улица

Општина Тетово информираше дека денеска инспектори од Општинскиот инспекторат ја затвориле пералницата за возила пред ОУ „Братство-Миѓени“  -објект Спортски центар што беше децениски проблем и го отежнуваше движењето на учениците по тротоарот кон школскиот објект.

Затворањето на оваа автоперална доаѓа по бројните поплаки на граѓаните од околината и родителите на учениците од ова училиште кои побараа од општината да интервенира и да создаде нормални услови за слободно движење на учениците, порача градоначалникот Биљал Касами.

-Општинскиот инспекторат денеска ја затвори пералната, која не само што го узурпираше тротоарот, туку го попречуваше слободното движење на граѓаните и претставуваше опасност за учениците.

Општинскиот инспекторат излегол на терен и утврдил дека пералната за автомобили не исполнува ниту еден услов за работа. Ниту една узурпација нема да се толерира. Градот им припаѓа на сите. Јавните простори се за секого, посочи Касами на социјалните мрежи.

Овој проблем датира од изградбата на училиштето пред речиси 20 години. Проблемот беше во тоа што возилата од автопералната беа оставани на тротоарот и учениците мораа да се движат по коловозната лента.

Во 2016 година жителите на месната заедница заедно со родителите од учениците протестираа и го блокираа сообраќајот, но ситуацијата не се промени.

МИА/Фото: Општина Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановскиот градоначалник ги оспорува првичните тестови: „Не сум заразен од корона вирусот“

Редакција

Повреден навивач на кошаркарскиот натпревар Гостивар-Кожуф

Редакција

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на ОН

Редакција