Во Општина Новаци денеска беше пуштена во употреба најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот – „ФЕЦ Новаци“, инвестиција на компанијата „Меј Енерџи“.
Има капацитет од 55 мегавати и проектирано годишно производство од 85.000 мегават часови електрична енергија.
Инвестицијата е во вредност од 40 милиони евра, а истата се простира на површина од 57 хектари, на 50 метри од одлагалиштето на јаловина од рудникот Суводол.
Централата ќе ги задоволува годишните потреби на 30.000 семејства за електрична енергија.
Градежните работи за изградба на фотонапонската централа започнаа лани во ноември. Се состои од 101.062 фотоволтаични панела. Оперативниот период на работа и е 25 години.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.