еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Заштитната маска за една употреба не смее да се користи повеќе пати

Многу е важно личната заштитна опрема да се користи правилно, за да се спречи дополнителен ризик од инфекција. Заштитната маска за една употреба не смее да се користи повеќе пати, објави на својот Фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче.

Во препораките за правилно ставање, носење и вадење на маската, кои тој ги објави, се посочува дека таа треба да се прилагоди да биде прилепена за лицето, целосно да се покрие устата и носот, не треба да се допира со нечисти раце, а при вадењето не треба да се допира нејзиниот преден дел, туку тоа треба да се направи со помош на задните ластици.

„Пред да се стави и откако ќе се извади маската рацете треба да се измијат,“ нагласува Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велигденското јајце е старо колку и Христијанството, зошто е црвено?

Редакција

(Галерија) Зачекори со новите LISCA хулахопки: Низ pop-up dance сензација, LISCA ја откри новата колекција на хулахопки

Редакција

Од утре почнува обврската за носење на зимска опрема во автомобилите

Редакција