Словенија, актуелниот претседавач на ЕУ, предложи Унијата да се прошири на целиот Западен Балкан до крајот на деценијата, а тоа го изнесе во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела, пишува Фајненшл тајмс.
Предлогот за брз прием на земјите бил даден пред неколку дена на состанокот на амбасадорите во Брисел, и наишол на вџашеност кај други земји – членки на Унијата.
Некои го опишале предлогот како целосно нереален со оглед на економските и политичките предизвици во регионот.
„Проширувањето е многу деликатно прашање за ЕУ, која е поделена околу потребата од проширување и брзината со која треба да им се дозволи на земјите да се приклучат на блокот“, пишува весникот, додавајќи дека Унијата е под притисок да ги продолжи преговорите за проширување со балканските земји, кои се вртат и кон поблиски врски со Кина и Русија.
Според ФТ, дипломатите од земјите-членки што сакаат Брисел да ги забрза преговорите со Западен Балкан, главно од истокот и југот на ЕУ, се за „амбициозен“ наратив на самитот за приклучувањето, но признаа дека поставувањето цврст рок е политички експлозивно прашање.
Самитот ЕУ-Западен Балкан се одржува во Словенија на 6. октомври, а на него ќе учествуваат лидерите на земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не само без преговори, на крај да не ни го врати ЕУ и визниот режим
ЕУОбсервер: Доведен во прашање слободниот визен режим на Западен Балкан со ЕУ
Ројтерс: ЕУ веќе не е усогласена за гаранциите за членство на шесте земји од Западен Балкан