еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Фуере: Многу од елементите на бугарската позиција се против она за што се бори ЕУ

Доколку се сака решение за билатерално прашање каде би имало балансиран пристап, но и да се земат во предвид критериумите за приклучување на Европската Унија, многу е јасно дека прашањата поврзани со јазикот, идентитетот и историјата мора да се водат во паралелен процес, бидејќи поинаку, со нивно вклучување во преговарачката рамка целосно ќе се загади пристапниот процес и кој ќе гарантира дека нема да има дополнително вето од Бугарија понатаму, порачува поранешниот евроамбасадор во државава, Ерван Фуере.

На гостување на ТВ Сител Фуере посочи дека според него, ова треба да биде исклучено, затоа што, според начинот на кој се формулирани, како што рече, „тие се навреда за македонските граѓани, тие ги напаѓаат срцето и душата на македонската нација и никогаш нема да бидат дел од некое компромисно решение“.

–  Јас се надевам дека француските дипломатски напори ќе ја разберат чувствителноста поврзана со прашања кои постојат на Западен Балкан и ќе направат напор кој во многу поголем дел ќе ги земе предвид грижите на македонската страна, отколку целосно да се посвети во корист на интересот на Бугарија, рече тој.

Според Фуере, доколку некој сака да најде компромисно решение, клучно е да бидат земени предвид проблемите од интерес на двете земји.

– За жал, многу од елементите на бугарската позиција се против она за што се бори ЕУ, и исто така, ги игнорираат пресудите на Европскиот суд за човекови права по прашање на правата на малцинствата и инсистирањето на Бугарија за вклучување на бугарската заедница во Уставот на Македонија, посочи тој.

Фуере смета дека е важно да се зближат, како што рече, „оние чувствителни луѓе во Бугарија“ кои, како што посочи „веруваат дека нивните политичари не делуваат во интерес на Бугарија“ и дека ќе се случи интеграција на луѓето, на граѓанското општество од Бугарија и Македонија да создадат клима на доверба, бидејќи во моментов, според него, нема доверба.

– И за да се постигне договор треба да има воспоставена доверба. За жал, односот на голем дел бугарски политичари е целосно спротивно на она што се очекува од земја-членка на ЕУ и целосно спротивно на она за што се бори ЕУ во однос на надминување на историското наследство, како и промоција на процес базиран на помирување и владеење на правото. Бугарија делува како да го игнорира тоа во целост и ова според мене е голема трагедија, смета тој.

Спорот помеѓу Македонија и Бугарија е само еден, наведе, но, дополни дека има многу други со кои што треба да се справиме и посочи дека мора да се избегне секогаш да ни се случува ваква блокада која ја поткопува довербата во капацитетите на ЕУ да се справи со овие прашања и да промовира политика на проширување која со години се ветува на Западен Балкан.

Според евроамбасадорот, Македонија, исто така, мора да продолжи со реформите.

– Направи исклучителни напори и како што разбирам, демотивацијата кај многумина треба да се надмине со продолжување и да се покаже дека се има капацитет и посветеност, бидејќи иднината е во европското семејство на нации, порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жестоки реакции за транспарентите „Македонија е Бугарија“ во бугарското Собрание, од ЕУ молк

Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија и пак не нарече „Северномакедонци“

(Фото) Отворени територјални претензии во бугарското Собрание: „Македонија е Бугарија“

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за два денари, дизелот поевтинува за еден денар

Редакција

Зошто Боки 13 и Зоки Кичеец добија нови 30 дена притвор за „Рекет“

Редакција

Можно е раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, повтори еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција