На 2 ноември 2019 год во Националната опера и балет на големата сцена се оддржа Интернационалниот балетски и танцов натпревар „Стејџ“ во организација на балетскиот педагог, кореограф и продуцент Тамара Ѓурчиновска, сопственик на „Арт балет“.
На натпреварот учествуваа над 200 балетски солисти и над 750 учесници во групи и формации. „Стејџ“ го посетија над 1200 гледачи во Националната опера и балет. „Стејџ“ како престижен балетски и танцов натпревар, со традицијата од пет години постоење, и оваа година беше престиж и чест да ги пречека со врвна и беспрекорна организација земјите учеснички како:Белгија, Италија, Србија, Словенија, Хрватска, Грција, Турција, Куба, Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Целта е да им се обезбеди можност на балетските играчи, танчери, училишта, театарските играчи да се соберат на едно место во атмосфера на пријателско натпреварување со цел да учат и да се инспирираат едни од други
Покрај самата конкуренција, програмата вклучува мастеркласи и можности за споделување и споредување на знаењето, искуството и талентите на учесниците и нивните наставници.
Натпреварот е оценет од врвни професионалци, прпфесионално балетско и танц-жири составено од претседател на жири, магистар Олга Панго – директор и педагог на балет на Националата опера и балет, Ерик Јанес Тапија, Нермин Кочан, др. Елица Петрова Луканова, Каталина Стегару, Мариус Онофреј, Искра Шукарова, Маја Каревски, Марие Леонард, Душан Водлан.
Гранд-при за најдобар и најталентиран учесник ѝ припадна на Ела Канер од Турција, гранд-при за најдобри групи припадна на балет „Тринити“ од Варна од Бугарија и „Лазарети“ од Дубровник од Хрватска, најдобро дуо од Грција, најдобро трио од „Тапија денс хаус“ од Бугарија и награди за најдобри сценски костими за „Ројал балет“ од Софија-Бугарија и Ела Канер од Истанбул Турција.
За следното издание на Интернационалниот танцов и балетски натпревар „Стејџ 2020“ е веќе најавен 7 и 8 ноември 2020 година каде се очекува уште поголем број на учесници.
Целиот настан беше поддржан од Министерството за култура.