Град Скопје и Агенцијата SWOT Research, агенција за анализа квалитетот на услугата, по 14. пат го реализираа проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“, во главниот град.
Во категоријата најдобри кафулиња избрани се:
1 место: Mr. Jack
2 место: Chillin’ bar
3 место: Deus
„Агенцијата SWOT Research ангажираше тајни купувачи, кои ги посетија угостителските објекти, избрани по случаен избор во трката за Најдобар угостителски објект во 2021 година, а потоа следуваше сумирање на резултатите.
Најдобрите угостителски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи, при што беа посетени 173 угостителски објекти, соопшти Град Скопје.
Квалитетот на услугата се оценуваше според девет елементи: прв контакт – (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување), хигиена на објектот – (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени), ковид критериуми – (носење заштитна маска, растојание на маси, средства за дезинфекција), тоалет – (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки), амбиент – (осветлување, температура, миризба, музика), услуга на келнерите – (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување), општа услуга – (асортиман, соодветно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка), квалитет на храната – (свежина, количина, вкус) и завршен контакт – (заблагодарување и отпоздравување).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Кои се најдобрите ресторани во Скопје за 2021 година
Фото: Фејсбук/Mr. Jack/Chillin’ bar/Deus