Монако, Монтекарло, Ница, Кан, Сантропе и Санремо се дестинациите кои ова лето ги посети македонскиот дизајнер Папаз. Тој е на заслужен одмор каде ужива во убавините на овие дестинации.
Преку патувањата Папаз постојано црпи идеи за неговите дизајнерски уникатни креации кои ги носат познатите личности од Македонија, а тоа се Тамара, Викторија Лоба, Лозано, Биг Мама, Елена Стефановска, Кристина, Арнаудова, Теа, Ведрана.
Вистинско полнење на батерии претходно Папаз го направи со својата девојка Катерина позната како KKQueen – инстаграм блогерка, на Бали, Индонезија.
По враќањето од одморот Папаз го чека нова сезона на претставување на својата колекција есен-зима ‘19/’20, насловена како Three (3) за едно поинакво искуство, која ќе биде презентирана во Сараево на настанот European Fashion Passport во друштво на познати дизајнери од Европа.
Ангажманите му продолжуваат како костимограф на театарски претстави во театрите низ Македонија.