Кога си во Лондон сите опции се во игра велат добрите познавачи на модата. Како дел од модната агенција „BMA Models“ е нашиот успешен модел Сандра Цветкова која веќе подолг период престојува во Лондон.
Неодамна ја сними рекламата за светски познатиот газиран пијалок „7up“, а деновиве е актуелна со најновиот едиториал за реномираниот магазин „Wedding ideas“.
„Цветкова веќе пет години работи како модел и навистина е една од ретките која знае за професионалност и одговорност. Сигурни сме дека Сандра одлично работи интернационално и нејзините успеси го докажуваат она што и ние го знаевме, дека покрај нејзината убавина и шармантната насмевка Цветкова има храброст и доследност во нејзината работа. Искрено посакуваме вакви модели да не представуваат во светот,“ вели Алек Наумовски ко – сопственик на „Моделс Ин“.