еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео/Галерија) На прославата на компанијата „Завар“, Џијан Емин со концерт на инструменти изработени во фабриката

На прославата на 30-годишината од работењето на семејната компанија „Завар“ во Македонска филхармонија, гостите во малата сала, беа сведоци на невообичаен концерт приреден од ненадминливиот музичар Џијан Емин и неговиот оркестар.

Имено, музичарите меѓу другото свиреа и на инструменти изработени од „Завар“.

Оваа идеја, генералниот менаџер на компанија Марта Наумовска Грнарова вели дека се „крчкала“ од пред неколку месеци во фабриката, кога со Џијан ги пробувале звуците на материјалите со кои се работи.

Експериментот наиде на одличен прием кај публиката.

Бидејќи, вечерта на прославата се беше во знакот на уметноста, по концертот, во холот на Филхармонија имаше и танцова точка во кореографија на Рисима Рисимкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Семејната компанија „Завар“ прослави 30 години постоење: Кога од иноксот создавате уметност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

dm дрогерие маркт распишува конкурс за иницијативи од областа на женското здравје

Редакција

„Блок 27“ нова интригантна серија од продукцијата на Телеком Србија ексклузивно на Суперстар

Редакција

(Фото) Вработените на Алкалоид донираа 1.050.000 денари за граѓаните со ретки болести

Редакција