Претседателот и врховен командант Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод завршувањето на учеството на Армијата во мировната мисија во Исламската Република Авганистан 2002/2021.
„Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО“, рече тој.
Пендаровски во своето обраќање истакна дека од земја – корисник, станавме земја извозник на безбедноста.
„Политичката одлука за испраќање на наши војници во странство е секогаш една од најтешките дилеми пред која можат да бидат исправени политичарите, но, денес, од оваа перспектива, убеден сум дека тогаш беше донесена вистинската одлука.
Политичарите често не се согласуваат за многу теми, но, кога стануваше збор за упатување на нашите луѓе во мировни мисии, Парламентот одлуките секогаш ги носеше едногласно.
Почнавме скромно, со испраќање на два штабни офицера во Меѓународните безбедносни сили за помош, продолживме со испраќање на поголеми контингенти. Учествувавме во заеднички состави со мировници од Турција и од Обединетото Кралство, испративме контингент во состав со Националната гарда на Вермонт од САД.
Имавме медицински тимови во состав на грчката, чешката и норвешката полска болница и заедно со земјите од Jадранската Повелба,“ додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 19 години, заврши учеството на македонската Армија во мировната мисија во Авганистан
Фото: Кабинет на претседателот