еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Непозната Македонија: Дебарско, еден од најживописните краеви во земјава

Дебарскиот крај, кој речиси никогаш не бил експониран како туристичка дестинација во Македонија, важи за еден од најживописните во земјава.

Дебар, лежи во југоисточниот дел на Дебарското Поле во подножјето на планината Дешат (Крчин) на надморска височина од 625 метри.

Опкружен е и со планините Стогово на исток и Јабланица на југ, кои го одделуваат дебарскиот крај од соседните области Кичевско и Дримкол во Струшко.

Градот Дебар се наоѓа на самиот брег до вештачкото Дебарско Езеро.

Планините и брдата Крчин, Тикварци и Пашина Ливада му даваат на градот прекрасен изглед.

Низ Дебар минуваат неколку реки како Вакуфска Река, Бански Поток, Цинцароска Река и некои помали. Водата од овие реки се влива во Црни Дрим.

Крајот е познати и по бањите со лековита вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Монахињите во манастирот Рајчица прават сапуни со мед, козјо млеко и кал со сулфур

еМагазин во Дебар: Дебарчани убедени дека Груевски избегал од овде

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не им давајте лажна надеж на граѓаните дека ќе се сменат одредби од Преспанскиот договор, вели Османи за пасошите

Редакција

(Фото) Убава вест: Иле на кого му беше трансплантирано срце заздравува

Редакција

Судскиот совет го разреши судијата Наќе Георгиев, кој ќе лежи три години затвор за поткуп

Редакција