Здружението Explore The Mountains одлучи денеска 19 јануари да го посвети на чистење на патеките на Водно.
„Акцијата започна со чистење на планинарската патека што води до средно Водно од полициската станица Водно. Потоа следуваше чистење околу паркингот, клупите и останатите реквизити на средно Водно.
На крај поради замрзнтите патеки што водат кон врвот на Водно, волонтерите одлучија да ја исчистат трим-патеката кој води до локалитетот Марково Крувче како и самиот локалитет, каде всушност се собра најголема количина на ѓубре направено од несовесните граѓани“, информираше Владимир Хари Крстевски.
Многумина од луѓето кои ги сретнаа на патеките рекоа само едно „браво“, на некои им понудија и кеси за собирање на ѓубрето, но ќе беа посреќни повеќе луѓе да се приклучеа на акцијата.
Учесниците во акцијата собраа шест вреќи ѓубре, а голем дел од од отпадокот беше стар и веќе „сраснат“ со природата.