еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата: Попуштањето на Заев значи разградување на македонската држава

Под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили продефилираа во Скопје и одржаа протест пред Владата.

„Треба секој да знае дека попуштањето на Зоран Заев значи разградување од тулите ставани со крв на чии темели почива денешната наша македонска држава.

Тоа значи газење по коските на Кузман Јосифовски Питу кој загинал недалеку од тука во борба со фашистичкиот окупатор. Или Раде Јовчевски Корчагин кој е застрелан зад грб.

Ама Корчагин умирајќи со пркост и кауза победил зошто станал бесмртен, а ти, ти Зоран Заев живи не продаваш и тоа е болката што овој народ е собран, но и оној надвор кој што денеска не е со нас, туку не следи во домовите.

И тоа ни дава енергија да издржиме. И затоа ќе победиме. Сега е моментот кога не треба да има изговори. Сега е потребно народот да биде гласен и да каже стоп на неспособноста, предавствата и одземање на иднината“, напиша на својот Фејсбук-профил, лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продадени два блока-акции од НЛБ Банка за 390.000 евра

Редакција

Ја загуби битката со ракот: Почина Фофи Генимата, претседателката на грчката партија Движење на промена

Редакција

Новинарката Душица Мрѓа за насилството во Собранието: Во толпата препознав и мои соседи, а едниот од нив ме потурна

Редакција