еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Рамстор Мол го одбележа месецот за борба против рак на дојка

Во месец октомври ја подигнуваме свеста за ракот на дојката и ги поддржуваме жените во намалување на ризикот од оваа болест, информираат од Рамстор Мол.

По тој повод, денеска 22.10.2021 во Рамстор Мол се одржа настан за одбележување на месецот за борба против рак на дојка.

Како гости на овој настан, кои дадоа поддршка со своето обраќање, присуствуваа Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на Република Северна Македонија, Даниела Адемоска, сопственик и генерален директор на Рамстор Македонија и Биба Додева, претседател на здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“, кои заедно со жените вработени во Рамстор Македонија го поддржаа овој настан.

-Рамстор Македонија како општествено одговорна компанија и компанија каде што 60% од вработените се припаднички на женската популација, со одбележувањето на денешниот настан  има единствена цел – да ја искажеме својата поддршка на сите оние кои имале какво било искуство со ракот на дојка, но и за сите оние за кои треба да ја подигнеме свеста за потребата од рано дијагностицирање и превентивни активности затоа што се работи за здравјето, и затоа што сите треба да покажеме сплотеност и солидарност.

Сметам дека ваквите настани се показател за нашата подготвеност како општество за поддршка и активности со цел да се зголеми свеста, како и отворено да се збори за ракот како болест.

Голема благодарност до г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска, која го поддржа овој настан со нејзиното ценето присуство и своето обраќање, до претседателот на здружението Борка, Биба Додева за одличната  досегашна соработка и секако благодарност до сите вработени со кои покажавме дека заедно сме посилни, и дека можеме да направиме уште повеќе, изјави Адемоска.

Од здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“ делеа информативни едукативни материјали на посетителките во трговскиот центар. Како поддршка и во знак за борба против ракот на дојка со моќ да ги воздигнат и инспирираат другите, жените вработени во Рамсторе Македонија направија заедничка фотографија облечени во маичките на Борка.

Заедно сме посилни, да направиме уште повеќе!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парите за новогодишно украсување во Куманово, пренаменети за набавка на опрема за ученици за следење онлајн настава

Редакција

Рамсторе Македонија пролетта ја започнува во насока на убавината

Редакција

Веро се стекна со ново признание- престижниот сертификат „Фер со потрошувачот“

Редакција