Жителите на Крива Паланка од синоќа се во можност да уживаат во претпразничната магија во пресрет на новогодишните празници.
Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот за нови насмевки, радост и незаборавни моменти за време на највеселите празнични денови што претстојат.
-Детски радосни лица, исполнети со среќа срца и мигови за паметење – за тоа сме тука, и ние во општината, но и нашинците на кои при срце им е татковината. Сјајот во детските очи и убавата енергија во мислите на граѓаните да бидат единствена слика на нашата убава Крива Паланка.
Секогаш е задоволство кога тоа што го работиме, го работиме со љубов. Работиме со срце за Крива Паланка, рече градоначалникот Сашко Митовски.
Тој упати благодарност до иселениците од градот, од Франција, Германија и Соединетите Американски држави, кои овозможуваат и во услови на енергетска криза градот да биде празнично украсен.
Благодарност за несебичната помош на “ГДР”компани, Франција и вработените, Горанчо Јакимовски и “Феникс Фенетрес”, Франција, “Селект кафе”, “Етно гостилница Воденица три”, Крива Паланка, Дени Јовановски и “МАК БАУ”, Даниел Ѓоргиевски, “Селект One Inc”.
Без средства од општинскиот буџет, водени од минатогодишното искуство, радоста на граѓаните, позитивните реакции на жителите и посетителите, одговорните од општината повторно ја донесоа , благодарение на иселениците, празничната атмосфера во градот.
Се е подготвено и наскоро ќе отпочне и новогодишниот базар на централниот градски плоштад, со културно – уметничка програма за сите генерации, порача Митовски.
МИА/Фото: Општина Крива Паланка