еМагазин
Image default
Техно

(Галерија+Видео) DigiGirlz ги отвори портите на соништата на девојките во Скопје

DigiGirlz се организира низ цел свет како дел од YouthSpark иницијативата на Мајкрософт, но во Македонија зеде посебен замав кога минатата година во Скопје и Тетово стотици млади девојчиња ја имаа можноста да се запознаат со начините како да ги остварат своите соништа.

Оваа година караванот кој ќе им помогне на младите да се инспирираат започна во Скопје, и тоа во просториите на ФИНКИ.

DigiGirlz програмата цели кон тоа да ги поттикне и мотивира младите девојчиња за кодирање, програмирање, иновација во креирање и смислување на нови ИТ идеи затоа што нивното учество во овие полиња за работа е помало отколку што треба.

Од Мајкрософт Македонија велат, „Време е да се промени светот и што повеќе жени да се охрабрат и да се вклучат во некоја СТЕМ професија“.

На настанот во Скопје неколку еминтентни личности од ИТ заедницата од Македонија се обратија пред девојчињата.

Д-р Иван Чорбев, декан и вонреден професор на ФИНКИ, Елисавета Нојковска, Регионален маркетинг менаџер во Мајкрософт за модерното работно место за 24 држави, Катерина Бојков, ЦОО у ко-основач на EmbedSocial, Ирена Ивановска,  раководител на ИТ про одделот во СЕМОС, Аријана Коскарова, ко-сопственик на Creative Hub, Татјана Бошевска, ЦИО во SEAVUS групација и Мартина Димовска советник во Quantum Space Products Inc. – Kennedy Space Center беа тие кои ги поставија темелите на напредокот за сите кои ги слушаа и кои сакаат да си ги остварат соништата.

DigiGirlz им овозможи на девојчињата да се запознаат со технологијата и бизнисот давајќи им совети за тоа како нивните желби и кариера можат да бидат изворот на нивната среќа. Со тоа ќе се развијат до ниво на кое ќе ја надградат сопствената заедница градејќи на стапките на овие говорници.

Како што порача Елисавета Нојковска од Мајкрософт ЦИЕ, „Ние сме тука да ги отвориме портите на тие кои сакаат да си ги остварат соништата. Минатата година го почуствувавме ентузијазмот со кој овие млади девојчиња се пронаоѓаат себеси во овие полиња. Тие се подготвени да го променат светот и време е ние да им покажеме како.“

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На ФИНКИ два дена посветени на машинско учење и интелигентни сервиси на бесплатна работилница поддржана од Microsoft

Редакција

Гига забава со А1 припејд: Неверојатни 100GB мобилен интернет за само 399 денари

Редакција

Над 400.000 граѓани купиле онлајн: Е-трговијата со пораст од 62%

Редакција