Скопјани синоќа се забавуваа на концерт на „Нокаут“ кој се одржа во новогодишната населба „Винтерленд“, која беше отворена во петокот.
Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.
Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Светна новогодишната елка во Скопје
Фото/Фејсбук/Winterland 2020
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.