еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Жени во костими за капење на плоштадот Македонија со гордост ги покажаа своите тела

Секогаш постојат моменти кои го дефинираат начинот на нечие размислување, барем кај оние кои се во потрага по себе си. Тие треба да се зграбат затоа што само тогаш се освојува можноста да бидеш горд/а.

Десетина жени го направија тоа и без разлика на својата големина, висина, кожа или таканаречени “недостатоци“, излегоа само во костими за капење во срцето на Скопје, плоштад Македонија, пред сите.

Настани од ваков тип ретко се случуваат низ целиот свет, но секогаш оставаат долготраен впечаток.

Лисца, организаторот во Скопје, на меѓународно ниво има поддржано две движења во Милано.

Мотивирани од влијанието и водени од искуството, Лисца одлучи да ја пренесе позитивната енергија и моќта на сите жени. Тие сакаат да им покажат дека тие, сите до една, се прекрасни.

Како на Пјаца Дуомо во Милано, така и на плоштад Македонија во Скопје, жените излегоа пред јавноста и ја нагласија гордоста која ја имаат за себе и своето тело. Тие чекореа со крената глава и насмевки на нивните лица.

Модната парада за позитивна слика на телото беше насловена “Горда што сум своја“. Истата за прв пат се одржа во Скопје и имаше за цел да каже НЕ на дискриминацијата. Мисијата е да се убедат жените и мажите да ги „соблечат сите видови на предрасуди“.

Лисца е бренд кој е секогаш е посветен на убавината на секоја жена и е ентузијастички поддржувач на иницијативата #proudtobeme. Пример за тоа се нивните модни линии кои можат да го зголемат чувството на самодоверба и кохезија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на храната во септември на светските пазари на највисоко ниво во изминатите 10 години

Редакција

Од Ковид-19 починале 8 лица, сите со коморбидитети

Редакција

И директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски поднесе оставка

Редакција