еМагазин
Image default
Македонија

Георгиевски: „Длабоката држава“ во Македонија ги нарушува нормалните односи со Бугарија

„Длабоката држава” во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, гради омраза и непријателство кон Бугарија, а вклучува професори, новинари, вработени во службите за национална безбедност, во суштина, тие не се сите Македонци.

Ова го посочи Љубчо Георгиевски во интервју за БГНЕС за време на неговата посета на Софија.

„И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува“, вели Георгиевски.

Според него, југословенската историографија ја призна македонската нација како најмлада на Балканот, а оти, како што вели, Никола Груевски со антиквизацијата и нанел тежок удар.

„Треба да ги признаеме заслугите на Зоран Заев поради неговата желба за пријателство со Бугарија, Заев и Бојко Борисов треба да изнајдат решение со кое ќе се тргне кон историско доближување“, смета Георгиевски.

Во земјава, смета тој, се создаде кампања дека Бугарија бара да се промени нашиот Устав, што, како што потенцира, не е точно. Од друга страна, додава, многу лошо ќе биде ако Бугарија стави вето за С.Македонија пред Европската Унија.

„Од бугарска страна, никој не сака промена на нашиот Устав и нов Договор. Ова лично го слушнав од бугарските политичари. Софија сака спроведување на Договорот од 2017 година и конкретни резултати од работата на Мешовитиот комитет за историски прашања“, нагласува Георгиевски.

Тој вели дека често пати е критикуван оти застапува бугарски ставови.

„Пред 4-5 години, ако некој земе бугарски пасош, тој беше распнат од јавноста, од соседи, роднини. Денес, добивањето бугарски пасош е нормално и не е проблем. Голем проблем пред години беше да се слушне бугарска песна во јавноста.

Ако се сеќавате пред Ковид-19 во пограничните градови како Струмица, Крива Паланка и Делчево, во многу ресторани можевте да видите бугарски туристи како нарачуваат бугарска музика. Музичарите знаат бугарски и сега во Македонија може да се слушнат не само српски песни. Ако сакаме да слушаме македонски песни, мора да дојдеме во Бугарија“, рече Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Плодна средба“ во Софија меѓу Љубчо Георгиевски и Екатерина Захариева

Фото:БГНЕС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 1.440 оздравени од Ковид-19

Редакција

Филипче: Матичните лекари технички може да ги променат прашањата од епидемиолошката анкета за корона вирусот

Редакција

Груби лаги се инсинуациите дека лица од македонската опозиција, меѓу кои и лидерот на СПМ, се бугарски граѓани, регираат од партијата

Редакција