Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски изрази искрена благодарност за грижата на оние кои му пишуваат со интерес за здравствената состојба.
Тој лежи на Клиниката за инфективни болести во Скопје, и на неговиот фејсбук-профил објави дека, со огромна посветеност и пожртвуваност на докторите и сите медицински лица се надева дека секој од таму, многу брзо ќе ја добие битката со корона вирусот.
„За жал, ги читам и малициозните информации и лаги кои некои портали ги објавуваат. Ве замолувам да не им се лутите и да не им земате за зло.
Да останеме сплотени, бидејќи само на тој начин ќе успееме како општество да ја добиеме битката со ова зло наречено коронавирус. Јас и понатаму ќе ги следам препораките на лекарите и ќе постапувам согласно нивните насоки.
Општина Гази Баба и целиот тим продолжува тековно да функционира, бидејќи потребите на моите сограѓани остануваат секогаш приоритет и за мене и за Општината. Ви благодарам уште еднаш и се гледаме наскоро,“ напиша Георгиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фесјбук/Георгиевски