еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Германската амбасада донира 2.450.000 денари за набавка на медицинска опрема

Германската амбасада оваа година го распредели целокупниот буџет од програмата Мали проекти за помош на клиниката за инфективни бoлести, клиниката Карил и клиниката за неврохирургија, предвидени за лекување на пациенти заразени од Ковид-19, информираат од амбсадата.

„Амбасадорот Томас Герберих, министерот за здравство д-р Венко Филипче и регионалниот менаџер на фондацијата Луѓе за луѓе-проект Хоуп, д-р Влатко Ужевски потпишаа договор за донација во видина од 2.450.000 денари за набавка на медицинска опрема.

На медицинскиот персонал му посакуваме и понатаму многу сила, а на сите заболени брзо опоравување. Останете здрави,“ се вели во соопштенето на Амбасадата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре почнува голем базар на современи креации за Денот на вљубените

Редакција

Македонските филмови ги препознаваат во светот: „Крајот на времето“ на Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice

Редакција

ТАВ Македонија доби плакета за најдобри општествено одговорни практики за 2018 година

Редакција