На 26.09.2018 година во 19.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, А.З.(37) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.30 часот на улица „Палмиро Тољати“, додека делел програма за референдумот, бил физички нападнат од лицето В.М.(54) од Скопје, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.