еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Го прекрши ли Бугарија повторно Договорот за добрососедство со преименувањето на 24. Мај?

Парламентот во Бугарија со мнозинство гласови го преименува празникот што се чествува на 24. Мај.

Тој сега ќе се нарекува „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“, а претходно беше „Ден на бугарското образование и култура и словенска писменост„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе го слави 24 Мај, како ден на бугарската азбука

Предлогот за преименување на празникот дојде од владејачката партија, ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, а поддршка доби и од коалицискиот партнер, ГЕРБ, на премиерот Бојко Борисов.

Против преименувањето била опозициската партија, БСП.

ДАЛИ ПОВТОРНО Е ПРЕКРШЕН ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО?

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашањето за преименувањето на празникот 24 Мај од страна на бугарското Собрание, во емисијата Топ тема на телевизијата Телма рече дека сите знаеме дека Кирил и Методиј се словенски просветители и дека не може некој да ги присвојува или глаголицата да ја прикажува како сопствена азбука.

Во октомври пак кога овој предлог на бугарската Влада влезе во собраниска процедура, министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека за Кирил и Методиј, заедничката Комисија на Македонија и Бугарија веќе имала постигнато консензус и дефинитивен текст како да се интерпретира улогата и како да се одбележат заеднички меѓу двете држави и секое поместување од тоа што го работела Комисијата значи дека се минира целиот процес.

Османи тогаш рече дека смета, оти тоа не е во согласност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и со работата на заедничката Комисија.

“Сметам дека бидејќи е само во прво читање, по оваа комуникација сега и оваа сериозна порака, дека не бегаме од обврските од Договорот, како што не очекуваме и Бугарија да бега од своите обврски од членот 2 за поддржување на евроатлантските перспективи на земјата, и ова ќе се изменаџира“, рече тогаш Османи.

Историските прашања помеѓу Македонија и Бугарија се регулирани со членовите 8 и 12 од Договорот, во кој се зборува за заедничко, а не еднострано чествување на историски личности.

СО ВЕТОТО, БУГАРИЈА ВЕЌЕ ГО ПРЕКРШИ ДОГОВОРОТ

По ветото од Бугарија за старт на преговорите на Македонија со Европската Унија, македонските власти посочија дека источниот сосед го прекршил Договорот, или поточно член 2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Заев: Со ветото Бугарија го прекрши Договорот за добрососедство, нејзиниот став е навредлив за Македонците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Норвешка ќе донира над 70 воени возила за македонската Армија

Редакција

Убава вест: 2.652 оздравени од Ковид-19

Редакција

Локалните власти во Грција немале ентузијазам за менување на таблите со „Скопиа„, вели Османи

Редакција