еМагазин
Image default
Да помогнеме

Гоце Илиески е возач на Брза Помош од Прилеп, многу животи спасил сега сме му потребни да го спасиме неговиот од Ковид-19

На социјалните мрежи се споделува апел за помош на Гоце Илиески, кој е возач на Брза Помош од Прилеп.

Неговото семејство било заболено од Ковид-19, 12 годишниот син Филип се лекувал во клининиката Козле и после долго боледување сега е подобар.

„Но Гоце се уште се бори. Сместен е долг период во болница Систина, состојбата се уште е многу лоша и се бори на респиратори.

Поради тоа што не е во стабилна состојба не може да се премести на клиника.

Еден ден ги чини 1.700 евра, а сега и со нова терапија која чини 500 евра на ден семејството влезе во многу тешка здравствена состојба, но за жал и тешка финансиска ситуација.

Гоце во целава ковид пандемија иташе храбро и брзо за да спаси човечки живот како шофер на Брза Помош во Прилеп. Тоа е човек кој со своите 42 години е и пожртвуван родител, но и човек кој си ја сака Македонија во сите нејзини убавини,“ се вели во апелот на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворени се телефонски броеви за донација за Гоце Илиeски, човекот кој помогнал на многу болни од Ковид-19, а сега нему му треба помош

Ж- ска Стопанска Банка Скопје 200003328588457
Даниела Илиеска Прилеп.

Девизна с-ка
Daniela Ilieska
Ul. Nada Lameska br.18
Prilep 7500 Macedonia
BANK: STOPANSKA BANKA AD SKOPJE
SWIFT: STOBMK2X
IBAN: MK07200003840888622

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можеме да собереме: На Луна ѝ недостасуваат 10.000 евра за операција

Редакција

(Галерија) Братче и сестричка од кумановско Степанце живеат во услови полоши од штала

Редакција

Да помогнеме да се доизгради црквата во Лешок

Редакција