еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Голем пораст: Бруто надворешниот долг на Македонија достигна 8,4 милијарди евра

Бруто надворешниот долг на Македонија изнесува 8,4 милијарди евра на крајот на вториот квартал од 2018 година и во споредба со претходниот квартал се зголеми за 164 милиони евра, соопшти Народната банка.

Кварталниот раст во поголем дел е резултат на зголемувањето на приватниот долг (140 милиони евра), при помал раст и на јавниот долг (25 милиони евра).

Притоа, растот на приватниот надворешен долг главно произлегува од зголемените обврски на капитално поврзаните субјекти (за 93 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 45 милиони евра), додека растот на јавниот долг главно се должи на јавните претпријатија и јавните банки (за 28 милиони евра), при намалени обврски на секторот „држава” (за 6 милиони евра).

Во однос на крајот на 2017 година, бруто надворешниот долг на крајот на јуни 2018 година е повисок за околу милијарда евра. Притоа, во првата половина од 2018 година, долгот врз основа на специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка е зголемен за 293 милиони евра.

Доколку се исклучи нивниот ефект, бруто надворешниот долг од почетокот на годината е зголемен за 768 милиони евра, во услови на раст и на приватниот и на јавниот бруто надворешен долг (за 444 и 323 милиони евра, соодветно).

Растот на приватниот долг во првата половина од годината се објаснува со зголемените обврски на капитално поврзаните субјекти (за 293 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 149 милиони евра), додека растот на јавниот долг произлегува од зголемените обврски на секторот „држава” (за 309 милиони евра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска сага: Работат, а живеат во сиромаштија

Редакција

(Фото) „Алкалоид” пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,8 милиони евра

Редакција

Речиси и да нема ден без оглас за државни вработувања

Редакција