еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Голем удар за Тиранската платформа: Каде беа Албанците за гласањето на референдумот?

Лидерите на албанските партии во Македонија треба да имаат сериозна причина за загриженост бидејќи референдумот покажа дека и големите општини каде што живеат мнозинство Албанци (Тетово, Гостивар, Кичево, Струга…) немаа посакувана излезност и покрај декларациите дека граѓаните-Албанци безусловно прифаќаат промена на името и зачленување во ЕУ и НАТО.

Тоа е сигнал зошто лидерот на ДУИ Али Ахмети со години не сака да се спроведе попис во Македонија, кој би ја покажал реалната бројка на граѓаните Албанци што живеат во Република Македонија.

Спортивно на тоа, ДУИ и албанските партии постојано бараат некакви поголеми права, кои патем секако ги уживаат во земјата, вработување во администрацијата под национален клуч и што уште не врз база на нереални бројки за албанската популација во земјава.

Ахмети и останатите албански лидери сега треба да им објаснат на сојузниците од ЕУ и НАТО врз каква база бараат спроведување на таканаречената Тиранска платформа и на Законот за употреба на јазиците.

Референдумот јасно покажа дека во земјава живеат многу помалку Албанци отколку што се „проповеда“ или пак дека нашите сограѓани Албанци се толку незаинтересирани за политиката и за промена на името, што баш им сеедно дали на власт е Ахмети, Села или некој друг од албанските лидери.

Фото: Фејсбук/Еди Рама

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се забрани акциска и промотивна продажба во маркетите до 30 ноември, следува и замрзнување на цените во прехранбената индустрија

Редакција

Афера „Фејсбук документи“: Фејсбук им дозволувал на политичари да ги прекршат правилата за објавување содржини

Редакција

Нова лента за брзо поминување на Меѓународниот аеродром Скопје

Редакција