еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Голем успех за вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на престижни меѓународни натпревари во Франција и Кина

Продолжува големиот успех на вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“. На две престижни меѓународни натпреварувања, што се одржаа во Кина и во Франција, врвните вина го докажаа својот квалитет, освојувајќи седум златни и четири сребрени медали, како и една специјализирана награда, информираат од винаријата.

На најголемиот и најпрестижен натпревар што се одржуваа во Хонг Конг – „China Wine & Spirits Awards – Best Value 2022“, „Vranec Luda Mara 2019“ освои двоен златен медал, што е потврда за високиот квалитет и уникатните карактеристики по кои ова вино се издвојува во конкуренција на вина од целиот свет. Златен медал добија вината „T’ga za Jug 2021“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2019“, а на виното „Vase de Pierre 2017“ му беше доделен сребрен медал.

Оценките на вината на овој вински натпревар ги даваат 100 вински судии, номинирани од најголемите увозници на вино, ресторани и специјализирани продавници во Кина, кои годишно увезуваат вино во вредност од над 20 милијарди долари. Нивните оценки воедно се и препорака за вината и информација за потрошувачите за тоа кое вино нуди најголема вредност во однос на цената и квалитетот.

Силна потврда за високите квалитети на вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“, пристигнаа и од Франција, каде освоија седум златни медали и една специјализирана награда.

Специјализираната награда беше доделена од списанието „Sommeliers International“ за црвеното вино „Bela Voda red 2019“ и претставува значајна препорака доделена од меѓународно списание наменето за винските професионалци од целиот свет.

Покрај тоа, ова вино доби и златен медал, заедно со „Sauvignon Blanc Barovo 2021“ и „Bela Voda white 2021“. На овој реномиран натпревар, сребрен медал освоија вината „Alexandria Cuvée Rose 2021“,  „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“, како и „Terrase a l’Ombre 2019“.

Големиот успех на овие меѓународни натпревари е од исклучително значење за позиционирањето на овие вина на меѓународните пазари и за зајакнување на нивната конкурентност. Наградите се значајни и за целата македонска винска индустрија и придонесуваат за промоција на земјата како винска дестинација.

Ова не се први награди годинава. Вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на еден од најголемите натпревари во светот – „Мундус вини“ 2022, освоија четири златни медали и едно специјално признание.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено

Редакција

Со донација на повеќе од 300 илјади денари dm drogerie markt го одбележа Меѓународниот ден на децата

Редакција

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Редакција