еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Голема трагедија: Најмалку 45 лица загинаа откако македонски автобус се запали во Бугарија

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запалил автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје.

Според првичните информации, во несреќата има и преживеани.

Автобусот влегол во Бугарија од Турција преку ГП „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 02 часот на автопатот „Струма“ на правецот Софија – Благоевград.

Како што изјави за бугарските медиуми началникот на Пожарникарската служба, Николај Николов, во автобусот патувале 52 лица. Загинале 45, а останатите се пренесени во болница.

Сочувство за загинатите изрази премиерот Зоран Заев, кој бил информиран за несреќата од бугарскиот премиер Стефан Јанев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И млади парови меѓу жртвите во несреќата во која изгоре македонски автобус во Бугарија, информира Османи од Софија

Техничка неисправност на македонскиот автобус кој изгоре во Бугарија или грешка на возачот, можни причини за несреќата

Седумнаесетгодишно девојче и шест возрасни лица хоспитализирани во Софија по несреќата во која изгоре македонски автобус

Во несреќата во која македонски автобус изгоре во Бугарија, загинаа 12 деца, меѓу кои и двајца близнаци

МИА/Фото: БГНЕС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Национални шуми прва: Топ 10 најголеми должници на Листата на должници на УЈП

Редакција

Ревакцинирани се вкупно 220.884 граѓани

Редакција

Топ 10 најтргувани акции на Македонската берза во јануари

Редакција