еМагазин
Image default
Бизнис

Големи промени во Одборот на директори на „Окта“

Собранието на акционери на „Окта“ АД – Скопје на својата 30-та седница закажана на ден 02.06.2020 година да донесе одлука за избор на членови на Одборот на директори, пишува во предлог-одлуката објавена преку Македонската берза.

„Како резултат на оставките поднесени до Одборот на директори од страна на следните лица: Ефстатхиос Гривас, чиј мандат како член на Одборот на директори престана на ден, 23.10.2019 година, Георгиос Верверис, чиј мандат како член на Одборот на директори престана на ден 29.10.2019 година, Иоаннис Героуланос, чиј мандат како член на Одборот на директори престана на ден 31.12.2019 година, Константинос Мадемлис, чиј мандат ќе престане со изборот на нов член на Одборот на директори и Александрос Паргинос, чиј мандат ќе престане со изборот на нов член на Одборот на директори, Собранието ги избира следните лица за членови на Одборот на директори:

Дионисиос Роутсис, хемиски инженер, актуелен вршител на должноста член на Одборот, како независен член, Василиос Багиокос, рударски инженер/магистер по бизнис администрација, актуелен вршител на должноста член на Одборот, како независен член, Вук Радовиќ, машински инженер, актуелен вршител на должноста член на Одборот, Спиридон Гкикас, дипломиран економист по сметководство и финансии/магистер по применета економија и финансии/магистер по бизнис администрација/дипломиран хемиски инженер/магистер по интегриран дизајн на хемиски централи и Панос Схиатис, дипломиран економист по сметководство и финансии/ACCA Fellow.

Мандатот на сите е во траење од шест години сметано од 02.06.2020 година“, пишува во предлог-одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Окта“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 146 денари по акција

„Окта“ ја тужи Царинската управа

Вук Радовиќ е нов в.д главен извршен директор на ОКТА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција

Најавени 16 пријави за угостителски објекти, се прават свадби, не се почитуваат протоколите и работното време

Редакција

(Видео+фото) Во Кавадарци почна да се гради повеќенаменскиот комплекс „Мала Америка„

Редакција